Достапни линкови

Груевски кај Меркел - што со името?


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и германската канцеларка Ангела Меркел.

Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и германската канцеларка Ангела Меркел.

Средбата Груевски-Меркел, последна можност да се лобира за исправање на грешката од Букурешт на претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.

Германската поддршка за македонските евроинтеграции е исклучително важна зошто Германија е еден од главните европски играчи во меѓународната политика, велат поранешни дипломатски претставници. Оттаму во средбата Груевски-Меркел, Ристо Никовски гледа шанса за повторно нагласување на потребата земјава да стане членка на Алијансата и можност за исправање на грешката од Букурешт на претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.
Премиерот наш ќе има можност дирекно на еден од главните играчи да ги пренесе нашите аспирации за НАТО и ЕУ, и да објасни дека пресудата на судот во Хаг, мора да има влијание и во функционирањето на НАТО.

„Премиерот наш ќе има можност дирекно на еден од главните играчи да ги пренесе нашите аспирации за НАТО и ЕУ и да објасни дека пресудата на судот во Хаг, мора да има влијание и во функционирањето на НАТО.“

За разлика од ваквите очекувања, професор Стево Пендаровски вели дека германската влада има поинаква проценка од македонската за приоритетите во билатералниот контекст.

Премиерот Никола Груевски се сретна со македонските иселеници во македонската амбасада во Берлин.

Премиерот Никола Груевски се сретна со македонските иселеници во македонската амбасада во Берлин.

„Мислам дека нив не ги интересира толку економскиот развој на Македонија, колку единствената преостаната пречка за нашите евроатлански интеграции, мислам дека Берлин ќе се сконцентрира во најголем дел од времето на проблемот со името.“

Како што јавува државната агенција МИА, средбата се остварува на заедничка иницијатива на двете страни, а е во контекст на
Јасно е дека со дипломатска засилена активност нема да се реши проблемот со Грција, тој се решава исклучиво, ако може да се реши, во рамките на процесот кај Нимиц, во ОН.

засилениот дипломатски ангажман на македонската Влада во пресрет на самитот во Чикаго. Иако дневниот ред на самитот веќе е утврден и на него не се наоѓа Македонија, Никовски е оптимист дека лобирањето пред самитот може да помогне во македонските евроинтеграции.

„Можно е под точката-разно, се уште да се внесат нови предлози, тоа може да го направи Германија, поддржана веројатно до Турција, Словенија и други земји кои имаат јасен став дека Македонија заслужува и треба што поскоро да стане членка на НАТО.“

Пендаровски, пак, вели дека засилениот дипломатски ангажман е само трошење на време и пари.

„Јасно е дека со дипломатска засилена активност нема да се реши проблемот со Грција, тој се решава исклучиво, ако може да се реши, во рамките на процесот кај Нимиц, во ОН.“

Двајцата соговорници се согласуваат дека Германија е неспорна сила во европскиот континент и апсолутен господар во креирањето на европската политика.

„Ќе имаме проблеми ако таа велесила ја немаме на своја страна, како што на мене ми се чини дека работите во последните неколку години се одвиваат, бидејќи најавениот стратешки спонзор на Македонија, Германија од пред неколку години, практично не го видовме во меѓувреме, затоа што македонската страна беше комплетно пасивна во однос на Берлин “, изјави Пендаровски.

Денешнава средба меѓу премиерот Груевски и канцеларката Меркел е втора откако веќе еднаш се сретнаа кога Груевски беше избран за претседател на Владата. Според најавите теми на денешните разговри ќе бидат економската соработка меѓу двете земји, интеграцијата на Македонија во Алијансата и спорот за името со Грција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG