Достапни линкови

Нема промена на позицијата од Букурешт за приемот на Македонија во НАТО


Нема промени на позицијата на НАТО во однос на одлуките од Самитот во Букурешт за членството на Македонија во Алијансата, изјави во Скопје заменик-помошникот генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО, Стефани Бабст.

„Позицијата на НАТО е непроменета. Се држиме до одлуката од Букурешт. Би сакале прашањето за името да се реши меѓу Атина и Скопје и потоа да се разгледа можноста за прием на ПЈРМ. НАТО сака ова прашање да се реши“, рече Бабст, која денеска се обрати на регионалната конференција „Цели на Резолуцијата на ОН 1325 - степен на остварливост“, што ја организира Евроатлантскиот совет на Македонија.

Според неа, проширувањето на Алијансата ќе биде една од точките на претстојниот Самит во мај, но не кажа дали Македонија ќе се најде на агендата во Чикаго.
XS
SM
MD
LG