Достапни линкови

Струја ќе штедат тие што немаат


Илустрација

Илустрација

Граѓаните штеделе струја и пред Владата да препорача да се штеди. Додека тие штедат, спомениците и излозите и вчера беа осветлени.

Граѓаните ќе ги послушаат препораките на Владата и ќе штедат струја. Сепак, велат дека штеделе и пред Владата да им каже, затоа што сметките се многу високи.

Ние штедиме вака, цела куќа ни е без струја, трошиме малку, нaместо сите спирали на греaлката, вклучуваме само една, мора да се штеди, кога немаш пари, мораш да штедиш.
„Ние штедиме вака, цела куќа ни е без струја, трошиме малку, нaместо сите спирали на греaлката, вклучуваме само една, мора да се штеди, кога немаш пари, мораш да штедиш.“

„Со намалување, помалку бојлер, помалку машини за перење, помалку греалки. За добро на сите е, паметно е, да не се зголеми цената на струјата.“

„А, и за свој џеб е тоа, битно и за себе. Треба совеста да работи кај луѓето, оти ако нема струја за сите тие кои се греат на струја ќе биде фатално.“

Владата прогласи енергетска криза, но најави дека засега нема да има рестрикции и зголемување на цената на струјата. Освен што забранија извоз на струја, донесоа мерки за исклучување на сите светлечки реклами, редуцирање на
Нашиот трговец, нашиот партнер кој не обезбедува со електрична енергија веројатно си го решил проблемот и ќе почнеме да работиме.
осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите и спомениците и препорака да не употребува струја за дополнително загревање, како на пример за греалките пред кафулињата.

Но, синоќа светеа светилките со кои се осветлени спомениците на плоштадот Македонија, како и новата Порта, светлечките реклами на фирмите, а и излозите се осветлени.

Поради зголемената потрошувачка на електрична енергија, компаниите се соочуваат со недостиг на струја, а со тоа може да дојде до одложување или нереализирање на производствените процеси, предупредија од Стопанските комори.
Работник во Макстил

Работник во Макстил


Немаме некои информации дека некој не е доволно снабден. Поплаки има околу квалитетот на струјата, околу напонот, има поплаки затоа што знае да паѓа, а фирмите плаќаат како да добиваат квалитетна струја.
Од таму велат дека компаниите, кои се големи квалификувани потрошувачи на струја сега набавуваат струја поскапа за 30 проценти. Некои од нив алармирале и дека може да дојде до одложување на дел од производството. И експертите предупредија на тоа дека први на удар ќе бидат компаниите, кои во краен случај ќе мора да го намалат или да запрат со производството.

Од Макстил, фирма која спаѓа во големите потрошувачи, велат дека тие не набавуваат струја на домашниот пазар, туку се зависни од трговците на струја. Поради проблемите со електричната енергија во целиот регион,, дел од погоните на компанијата не работеле во полн капацитет, но проблемите се решени и од полноќ Макстил ќе почне со нормална работа, вели директорот Александар Панов.

„Нашиот трговец, нашиот партнер кој не обезбедува со електрична енергија веројатно си го решил проблемот и ќе почнеме да работиме.“

Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека од нивните членки досега нема некои посериозни поплаки околу снабдувањето со струја.

„Немаме некои информации дека некој не е доволно снабден. Поплаки има околу квалитетот на струјата, околу напонот, има поплаки затоа што знае да паѓа, а фирмите плаќаат како да добиваат квалитетна струја, тоа го има, но нема поплаки дека некој воопшто нема струја“, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG