Достапни линкови

„Купи куќа, купи стан“ ако можеш


Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“.
Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“.

Владата го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“, но од проектот веројатно ќе се офајдат оние кои имаат малку подлабок џеб.

Од државна чешма вода не пиј, велат старите, кога тогаш ќе ти ја наплатат двојно. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ делува примамливо и достапно за многу граѓани, но по првата домашна математика излегува дека е малку поинаку во пракса. Од една страна, ви треба стабилно работно место и редовна плата во наредните 20 години, како и доволно пари за капар или за комуналии, зависи дали е стан или куќа. Од друга страна, ви требаат и натприродни сили за да ги извадите сите дваесетина документи до крајот на месецов, за да може да аплицирате.
Се плашиме да аплицираме затоа што платите во моментов не знам колку ни се сигурни за да можеме тоа месечно да го подмируваме. Мислам дека проектот „Купи куќа, купи стан“ е сепак наменет за оние кои можат да обезбедат малку повеќе од нормален живот.
Симона Цветковска, граѓанин.

Рекламите изгледаат привлечно, но во реалноста и не е така лесно, затоа што овој проект не е достапен за сите, вели 28-годишната Симона Цветковска, која неодамна со својот сопруг започна да гради куќа.
Владини претставници го промовираат проектот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје.
Владини претставници го промовираат проектот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје.

„Од она што ние го имаме почнато и до каде сме стигнале, а реално тоа е само карабина, мислам дека ни е краток рокот за да аплицираме, а и од тој аспект се плашиме да аплицираме затоа што платите во моментов не знам колку ни се сигурни за да можеме тоа месечно да го подмируваме. Мислам дека проектот „Купи куќа, купи стан“ е сепак наменет за оние кои можат да обезбедат малку повеќе од нормален живот.“

Таа додава дека несигурноста на работното место дополнително ги плаши луѓето да влезат во потрага по дом од соништата.
Поголем е интересот за станови, бидејќи веќе можат да ја соберат документацијата што им е потребна, меѓутоа има и граѓани што се интересираат за куќи, повеќе за доградба на куќи отколку за нови куќи. Очекуваме во следните циклуси како општините овозможуваат да има повеќе места за изградба на куќи во одредени делови од општината, да има интерес и за изградба на нови куќи.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

„Колку и да е проектов за младите да можат да се охрабрат да направат чекор, да направат и да вложат во себе, сепак мислам дека се ограничени прво од тоа што секоја работа нивна, на младите, е несигурна, значи таа бариера што се создава е тоа што никој не знае до кога ќе остане на работното место, до кога таа фирма би функционирала. Секој газда кој има трошоци што не му се испланирани се знае каде удира прво.“

Како за почеток, покрај барањето за кредит до банката треба да доставите податоци и документи за вашите финансии и приливи на пари по сите основи од последните 6 месеци, изјави потпишани на нотар дека немате други станбени кредити или хипотека и дека нема да го продавате или изнајмувате станот во наредните 5 години. Следно, ви треба да потпишете преддоговор за стан. За куќа, пак, е малку посложено, ви требаат имотен лист, дозвола за градба, проект заверен во општина, предмет со пресметки заверен во Проектантско биро или градежна компанија, платени комуналии и се разбира, вашата куќа од соништата да се внесе во деталниот урбанистички план.

Но за да размислувате да се впуштите во трка по документи треба да го исполните условот – плата до 900 евра – сам или заедно со вашиот партнер. Ако не го исполните овој услов, тогаш може да повикате пријател или член од семејство на помош, но дури тогаш работите дополнително се комплицираат.

Кокредитобарателот треба да достави потврда за редовно вработување, имотен лист за објектот што го остава под залог и согласност за доставување податоци од Македонското кредитно биро.

Според последните инфомации, околу 500 луѓе подигнале апликации за кредитите од банките, но малкумина од нив ги доставиле сите документи. Проектот е наменет за 2 илјади граѓани. Од банките велат дека навалица може да има пред самиот истек на рокот, додека од Владата најавија дека овојпат нема да има пролонгирање.

Вицепремиерот Зоран Ставрески неодамна изјави дека граѓаните досега покажале повеќе интерес за станови.

„Поголем е интересот за станови, бидејќи веќе можат да ја соберат документацијата што им е потребна, меѓутоа има и граѓани што се интересираат за куќи, повеќе за доградба на куќи отколку за нови куќи. Очекуваме во следните циклуси како општините овозможуваат да има повеќе места за изградба на куќи во одредени делови од општината, да има интерес и за изградба на нови куќи.“

За кредит од 50 илјади евра, граѓаните со моделот „пола-пола рата“ ќе добијат околу 9 илјади евра како субвенција, додека со вториот модел, според кој државата плаќа половина од учеството, тие можат да добијат околу 6 илјади евра субвенции.

Но ова важи само во првите пет години, потоа граѓаните ќе треба сами да си ги плаќаат ратите со каматна стапка која ќе ја определи банката, според моменталните стандарди.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG