Достапни линкови

Никола Груевски седел на маса со Анџелина Џоли


Премиерот Никола Груевски синоќа во Берлин присуствуваше на свечениот прием на Берлинскиот филмски фестивал по повод 10-годишнината од манифестацијата „Кино за мир“ и доделувањето на наградата за хуманост на холивудската актерка Анџелина Џоли.

Груевски, како што јави МИА, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски и шефот на неговиот кабинет Мартин Протогер, седеше на масата на честа, на која покрај Џоли, биле присутни и светски познати филмски и ѕвезди од шоу бизнисот, како британскиот музичар и хуманист Боб Гелдоф и актерите Бред Пит и Кетрин Денев.

За време на разговорот со познатата филмска двојка, Груевски ги поканил Џоли и Пит, како и останатите ѕвезди од светскиот џет сет да ја посетат Македонија како туристичка дестинација, но и како место каде што во иднина би можеле да ги спроведуваат своите проекти.
XS
SM
MD
LG