Достапни линкови

logo-print

Атина преживеа тешка ноќ


Опожарена продавница во Атина

Опожарена продавница во Атина

Грчката полиција соопшти дека меѓу уапсените 79 лица во текот на ноќта на бурните протести во центарот на Атина, проследени со опожарување на голем број објекти, има 53 Грци и 26 странци, а тројца од нив се малолетни.

За време на демонстрациите против новите владини мерки за штедење кои беа гласани во Парламентот, беа опожарени 29 банки, 71 продавница, од кои во 30 се извршени грабежи. Оштетени се историски згради во центарот на Атина, а синоќа жители на градот таму организираа мирен протест со запалени свеќи против насилството и вандализмот.

Полицијата соопшти дека ситуацијата изглегла од контрола. Според властите инцидентите биле предизвикани од крајно десничарски и крајно левичарски елементи, од фудбалски навивачи и анархисти, кои сакале по секоја цена да предизвикаат човечки жртви.

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис изјави дека штетите се ненадоместливи. Шеесет и осум полицајци беа ранети во немирите, а најмалку 70 демонстранти беа хоспитализирани.
XS
SM
MD
LG