Достапни линкови

Јанкулоска ја „преживеа“ интерпелацијата


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Собранието доцна синоќа не ја прифати интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поднесена од опозицијата. 33 пратеници гласаа за разрешување на Јанкулоска, 56 беа против, а немаше воздржани.

Ова беше трета неуспешна интерпелација за министерката Јанкулоска во последниве две години.

На собраниската седница што траеше речиси цел ден, опозицијата жестоко ја критикуваше Јанкулоска, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваа на криминалот од времето на СДСМ.
XS
SM
MD
LG