Достапни линкови

Груевски на средба со Меркел


Премиерoт Никола Груевски.

Премиерoт Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски денеска во Берлин треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Се очекува македонските аспирации за членство во НАТО во пресрет на самитот на алијансата во Чикаго да бидат во фокусот на разговорите на шефовите на двете влади, а не се исклучува можноста да стане збор и за спорот за името со Грција, како главна пречка на тој пат, јави МИА. Ова е втора средба на Груевски и Меркел.

Премиерот Груевски вчера во македонската амбасада во Германија се сретна со иселениците кои живеат и работат во Берлин. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG