Достапни линкови

Србите од северно Косово гласаат на референдум


Северниот дел на Косовска Митровица.

Северниот дел на Косовска Митровица.

Србите на северно Косово денеска гласаат на референдум за тоа дали да ги признаат косовските институции. Лидерите од ЕУ, од Западот, па дури и од Србија ги повикаа косовските Срби да не излегуваат на референдумот. Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека гласањето „не придонесува за дијалогот“ меѓу Белград и Приштина. Србија бара членство во ЕУ, а Брисел бара подобрување на односите меѓу Белград и Приштина. КФОР смета дека референдумот може да поттикне насилство од албанските екстремисти на Косово.
XS
SM
MD
LG