Достапни линкови

logo-print

ОН - Сирискиот режим бомбардираше населено место во Хомс


Високиот комесар за човекови права во ОН, Нави Пилај.

Високиот комесар за човекови права во ОН, Нави Пилај.

Високиот комесар за човекови права во ОН соопшти дека сириските сили бомбардирале густо населено место во градот Хомс. Комесарката Нави Пилај, пред Генералното собрание на ОН, изјави дека се покажало оти режимот на претседателот Башар ал-Асад извршил злосторства против човештвото за време на изминатите 11 месеци од почетокот на немирите и дека нападите продолжуваат со учество на властите на „највисоко ниво“.

Според неа, ветото на резолуцијата за Сирија од страна на Русија и Кина, се чини дека го охрабрило режимот на Асад да изврши „масакар“ во градот Хомс, упориште на опозицијата.

Сирискиот амбасадор во ОН Башар Џафари го отфрли извештајот на Пилај, велеќи дека таа нема кредибилитет, затоа што зазела „непринципиелен“ став против режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG