Достапни линкови

logo-print

Обнова на разговорите за нуклеарките на Северна Кореја


Илустрација.

Илустрација.

Претставници на САД и на Северна Кореја следната недела треба да се состанат во Пекинг за да разговараат за нуклеарното разоружување. Портпаролката на американскиот Стејт департментот, Викторија Нуланд, изјави дека американскиот специјален пратеник Глин Дејвис на 23 февруари ќе се сретне со севернокорејскиот преговарач Ким Кје-Гван. Состанокот има за цел да ги обнови разговрите за разоружување кои се водат меѓу шест страни, вклучувајќи ги Северна и Јужна Кореја, Кина, Јапонија, Русија и САД.

Северна Кореја се повлече од преговорите во 2009 година, обвинувајќи ги САД за непријателство.

Состанокот во Пекинг ќе биде прв таков состанок по смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил во декември.
XS
SM
MD
LG