Достапни линкови

Бугарија и Азербејџан во спор за натурализирани борачи


Илустрација: Борење.

Илустрација: Борење.

Бугарија се заканува дека ќе го блокира учеството на двајца бугарски спортисти, натурализирани Азербејџанци на Олимпијадата во Лондон. Борачите Бојанка Костова и Валентин Христов минатата година почнаа да настапуваат за репрезентацијата на Азербејџан, откако тамошната боречка федерација се согласи да и плати на бугарската федерација обесштетување од 400 илјади евра.

Сега, бугарската боречка федерација бара од Азербејџан да доплати, тврдејќи дека првичното обесштетување не ја покрива Олимпијадата, туку само минатогодишното светско првенство.

Азербејџанската федерација одбива да доплати и најави дека е подготвена да преземе правни мерки ако Бугарија го блокира учеството на двајцата спортисти на Олимписките игри.
XS
SM
MD
LG