Достапни линкови

logo-print

Обама го објави предлог- буџетот за 2013 година


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Предлог- буџетот за 2013 година на американскиот претседател Барак Обама е објавен денеска. Буџетот предвидува продолжување на трошењата за јавни работи и зголемени даноци за богатите и корпорациите со цел да се намали дефицитот во понатамошните години.
Говорејќи во северена Вирџинија, Обама изјави дека буџетот се фокусира обновата на американската економија да биде во правилна насока. Тој се изјасни против кратењето на владините трошоци, кои се важни за економскиот раст.
Буџетот предвидува дефицитот наредната година да биде 1,3 трилиони долари. Опозицијата го критикува предлог нацртот на текстот поради планираното зголемување на трошењата во области како што се инфраструктурата и зголемување на даноците.
XS
SM
MD
LG