Достапни линкови

logo-print

Ќе има ли промени во грчката влада?


Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Промени во грчката власт ќе има, но нема да се големи, наведуваат извори од коалицискиот кабинет на премиерот Лукас Пападимос за грчките медиуми. Според нив, не е реално да се очекува целосен ремонт на владата.
Медиумите јавуваат за неколку варијанти, да се формира кабинет од технократи по моделот на италијанската влада, да се создаде мал тим и конкретни политички членови да останат, а технократи да преземат важни сектори во владата и да се зачуваат позициите на двете поголеми партии ПАСОК и Нова демократија.
Промените според медиумите ќе зависат од датумот на кој ќе се одржат парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG