Достапни линкови

Енергетска криза - Македонија ќе штеди струја


РЕК Битола

РЕК Битола

Владата прогласи енергетска криза, но засега нема да има рестрикции и зголемување на цената на струјата.

Владата прогласи енергетска криза, но засега нема да има рестрикции и зголемување на цената на струјата. Причини за прогласувањето на кризата се сериозното нарушување во фунционирањето на електроенергетскиот систем и неможноста за негова функционална одржливост, недостаток на електрична енергија во системот проследен со неможност за увоз, како и екстремното зголемување на потрошувачката на електричната енергија поради ниските температури.
Што се однесува до прашањето за забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање конкретно се мисли и на додатните греалки шти ги гледате секој ден по кафичите надвор, како и други греалки што се дел од дополнително загревање, тие ќе бидат дел од мерките кои ги препорачуваме.

На вонредната владина седница се донесени мерки за штедење, а тоа се забрана на извоз на струја, исклучување на сите светлечки реклами, редуцирање на осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите и спомениците и забрана за употреба на електрична енергија за дополнително загревање, вели министерот за економија, Ваљон Сарачини.

„Што се однесува до прашањето за забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање, конкретно се мисли и на додатните греалки шти ги гледате секој ден по кафулињата надвор, како и други греалки што се дел од дополнително загревање, тие ќе бидат дел од Вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Ваљон Сарачини и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски

Вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Ваљон Сарачини и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски

мерките кои ги препорачуваме.“

Истекува и рокот определен со тендерот за набавка на електрична енергија за период до крај на месецов и првата половина од март, со кој земјава требаше да се справи со евентуален недостаток на енергија. Со оглед на тоа што соседните земји од кои Македонија набавува струја воведоа забрани за извоз, очекувањата не можат да бидат големи.
Првото прашање е дали воопшто ќе имаме понуди за онаа количина што ја бараме, второто прашање е цената, цената во овој случај нема да биде ништо поповолна од она што досега го имавме, тендерот ќе покаже колкава е таа цена. Во секој случај ние сме спремни доколку не добиеме соодветни понуди да го ставиме во фунција ТЕЦ „ Неготино.

Директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски вели дека прашање е дали воопшто ќе има понуди на тендерот во онаа количина што е наведена.

„Првото прашање е дали воопшто ќе имаме понуди за онаа количина што ја бараме, второто прашање е цената, цената во овој случај нема да биде ништо поповолна од она што досега го имавме, тендерот ќе покаже колкава е таа цена. Во секој случај, ние сме спремни доколку не добиеме соодветни понуди да го ставиме во фунција ТЕЦ Неготино“, рече Чинговски.

Тој додаде дека ТЕЦ Неготино во моментов има доволно мазут за да работи со половина сила во следните 5 дена, а доколку се вклучат и државните резерви ќе има струја за цел месец.

Надлежните апелираат до домаќинствата рационално да ја користат струјата.

Поради зголемената потрошувачка на електрична енергија, компаниите се соочуваат со недостиг на струја а со тоа може да дојде до одложување или нереализирање на производствените процеси, предупредија од Стопанската комора.

Значи Македонија нема своја струја, државна струја, ниту за себе а камо ли за извоз, особено не во услови на вакви ниски зимски температури и зголемна потрошувачка на електрична енергија. Оваа мерка пред се е насочена кон тоа струјата што се приозведува во „ТЕТО“ .Таа не може да се извезува надвор од државата, што значи мерката не е насочена кон државната струја туку кон струјата произведена од приватни производители.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вели дека дел од компаниите почнале со намалување на потрошувачката и дека овој период дел од нив го користат за ремонт.

„Засега од ниту една компанија, дирекно до Владата нема стигнато барање за интервенција или нешто слично. Во крајна линија тие се наоѓаат на слободен пазар, ја купуваат енергијата на слободен пазар и Владата дирекно не може да се меша во такви договорни односи.“

Во однос на владината мерка за забрана на извоз на електрична енергија, професор Атанаско Тунески вели дека во Македонија не постои можност за извоз на државната струја, произведена во ЕЛЕМ освен можеби некои мали вишоци во текот на ноќните часови за кои и нема особена побарувачка.

„Значи Македонија нема своја струја, државна струја, ниту за себе а камо ли за извоз, особено не во услови на вакви ниски зимски температури и зголемна потрошувачка на електрична енергија. Оваа мерка пред се е насочена кон тоа струјата што се приозведува во „ТЕТО“ односно во Термоелектраната топлана во сопственост на а.д. „Топлификација“. Таа не може да се извезува надвор од државата, што значи мерката не е насочена кон државната струја туку кон струјата произведена од приватни производители.“

Тој додава дека со забраната на извоз на струја, приватниот производствен капацитет ќе се стави на располагање на македонските потрошувачи.

„Ако знаме дека таа е со 200 мегавати, а РЕК Битола е со 600 мегавати, сепак се работи за сериозен објект.“

Туневски смета дека останатите мерки се само симбочични и дека не може да се очекува оти тие ќе придонесат за реално намалување на потрошувачката.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG