Достапни линкови

logo-print

Нема настава во 176 училишта во Македонија


Министерството за образование и наука соопшти дека во 32 општини нема настава, а во седум општини наставата е делумно прекината, поради лошите временските услови. Според податоците на локалните самоуправи, настава нема во 176 училишта, од вкупно 458 училишта. Од нив, 151 се основни, а 25 се средни.
Министерот Панче Кралев денеска ја повтори препораката општините самостојно да донесат одлука за одвивање на наставата во нивните училишта.
XS
SM
MD
LG