Достапни линкови

ВМРО се окрупнува, СДСМ се освежува


Сите ​​патишта на десничарските партии завршуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Сите ​​патишта на десничарските партии завршуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Помалите партии од десницата се припојуваат кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во СДСМ се формира Совет на ветерани со истакнати членови од минатото.

Нема повеќе ВМРО ваква, ВМРО онаква, ни Обединета, ни Македонска, сите се една иста ВМРО-ДПМНЕ, пообединета од секогаш. За само една недела кон матичната партија се вратија, прво Додовски и дел од членството на ВМРО-НП, потоа Обединета за која ретко кој се сеќава за која партија се работи и најновото Филип Петровски и приврзаниците на Демократската десница. Претходно, кон ВМРО-ДПМНЕ се припои и ВМРО-Македонска.
Во Република Македонија има доста политички партии кои се едноставно нерелевантни и кои не можат да опстојат на партиската сцена и бидејќи се забележува дека тоа е така, решаваат да се влеат во нивните сродни партии, од кои често и излегле.

Окрупнувањето на политичката сцена е очекуван процес, вели професор Здравко Савески и додава дека тоа не треба многу да ја зачудува јавноста.

„Во Република Македонија има доста политички партии кои се едноставно нерелевантни и кои не можат да опстојат на партиската сцена и бидејќи се забележува дека тоа е така, решаваат да се влеат во нивните сродни партии, од кои често и излегле.“

Окрупнувањето на десницата предизвика коментари и на социјалните мрежи. Па така, луѓето инспирирани од тоа дека сите Маријан Додовски кога го најави припојувањето кон ВМРО-ДПМНЕ

Маријан Додовски кога го најави припојувањето кон ВМРО-ДПМНЕ

патишта на десничарските партии завршуваат во ВМРО-ДПМНЕ, ќе забележат:

„И тие шо беа во ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе преминат во ВМРО-ДПМНЕ, за секој случај.“

„На пример, ако сакам да преминам во ВМРО-ДПМНЕ, лопата тие ќе ми дадат или сам треба да си купам?“
Старите Словени всушност не биле Стари Словени, тоа биле Антички Македонци кои преку Карпатите преминале во ВМРО-ДПМНЕ.

„Старите Словени всушност не биле Стари Словени, тоа биле Антички Македонци кои преку Карпатите преминале во ВМРО-ДПМНЕ. “

„И пратениците од ДУИ се интегрираа во ВМРО-ДПМНЕ.“

„Уште СДСМ фали да се припои кон ВМРО-ДПМНЕ, па ќе завладее вистинска демократија.“

Десницата се окрупнива, а опозицискиот СДСМ на пиедестал ги враќа старите кадри. Со Совет на ветрани, СДСМ сака да извојува политичка битка против Груевски, објави партијата. Мирослав Грчев, Никола Поповски и Софија Тодорова ќе бидат јадрото на Советот, кој за цел ќе има да ги покрене сите интелектуалци против власта. Во Советот, меѓу другите се и Илинка Митрева, Тале Герамитчиески, Благоја Стефановски, Никола Ќуркчиев, Ѓунер Исмаил, Александар Гештакоски.

На СДСМ му треба одредено освежување, и на идеолошки и на прагматско-политички план, вели Савески.

„Она што малку фрла сомнеж на сето тоа е како преку постари кадри, да се изведе тоа освежување и времето ќе покаже дали тоа освежување во СДСМ ќе го донесат постарите нивни кадри.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG