Достапни линкови

„Ти си љубов“, за денот на љубовта


„Ти си...љубов“ е насловен музичко-сценскиот перформанс на Жаклина Стефковска што ќе се случи утревечер во Драмски театар во Скопје.

По скоро двегодишни премислувања, Жаклина Стефковска конечно се реши својата авторска приказна да ја сподели со публиката. Нејзиниот музичко-сценски перформанс насловен „Ти си љубов“ и чисто творечката потреба сродните души да ги одведе некаде помеѓу сонот и јавето е планирано да се одржи на сцената во Драмски театар во Скопје, а за тоа таа го одбра токму денот на виното и вљубените.
Овојпат некако тргнав авантуристички, не сакав да чекам. Денот на љубовта го одбрав затоа што сметам дека баш е тоа мој ден, моите песни се љубовни и мислам дека на тој ден можам да дадам една порака на моите обожаватели и на мојата публика-бидете љубов.
Жаклина Стефковска, актерка и кантавторка.

„Овојпат некако тргнав авантуристички, не сакав да чекам. Денот на љубовта го одбрав затоа што сметам дека баш е тоа мој ден, моите песни се љубовни и мислам дека на тој ден можам да дадам една порака на моите обожаватели и на мојата публика-бидете љубов.“
Жаклина Стефковска.
Жаклина Стефковска.

Стефковска, која своевремено музичката кариера ја започна како предводник на триото ШАРМ и потем оствари плодна соработка со Џина Папаз Џокси и со Венко Серафимов со кого го потпиша одличниот албум „Писма неотворени“, на ваквата авантура се решава по бројните талкања по клубовите во земјава каде секогаш била пречекувана со овации од публиката. Сепак, наспроти солистичките настапи, таа овојпат зад себе ќе има неколкумина извонредни инструменталисти – Дамир Имери на клавијатури, Оливер Јосифовски – контрабас и Гоце Стефковски на тапани.

„Прво сакав да бидат добри музичари, професионалци, музичари
Тој трансфер го направив многу интуитивно, без да знам што ме очекува, сметам дека не погрешив, сакам да играм во комедии, го сакам тој жанр. Оваа е една мала екипа, нови луѓе, нова енергија многу позитивна, одамна не ми се случило да идам на проба така радосна.
Жаклина Стефковска, актерка и кантавторка.
кои сум ги гледала, кои ги познавам, кои ќе ги отсвират песните во еден друг аранжман.“

Инаку, „Ти си...љубов“ е замислен како перформанс во кој покрај композициите таа на присутната публика ќе и понуди и свои текстови и поезија пишувана во годините наназад. Во него, бележито е учеството и на нејзините колеги од театарот Сашко Коцев и Ана Левајковиќ. Со тоа Жаклина Стефковска, во некоја рака, ќе го одбележи и новиот момент од нејзината професионална кариера – преселбата во новоформираниот Театар Комедија која доаѓа по бројните успешно одиграни улоги во Кумановскиот и потоа во Македонскиот народен театар.

„Тој трансфер го направив многу интуитивно, без да знам што ме очекува, сметам дека не погрешив, сакам да играм во комедии, го сакам тој жанр. Оваа е една мала екипа, нови луѓе, нова енергија многу позитивна, одамна не ми се случило да идам на проба така радосна. Моментално се работи на комедијата „ Ах, таа љубов моја неверна“ на Коле Ангеловски и се очекува премиерата да биде некаде на 17 март за официјалното отварање на Театарот на Комедија.“

Кон ова, само уште информацијата дека перформансот ќе биде снимен, по што кантавторката и актерка планира материјалот да го објави на носачи на звук и на слика.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG