Достапни линкови

Повторно интерпелација за Јанкулоска


Случајот Мартин Нешкоски, следењето на Љубе Бошкоски и низа други настани се причина опозицијата повторно да побара интерпелација за министерката Гордана Јанкулоска.

Интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ја покрена опозициската НСДП на Тито Петковски во врска со случајот „Кампања“ и следењето на комуникациите на Љубе Бошкоски. На барањето за интерпелација се потпишани сите пратеници од опозицијата.
Значи убиството на Мартин Нешкоски, целата оваа хајка против политичките неистомисленици, сите овие пропадната проекти на наводни борби против криминал и корупција, зборувам за Змиско око и така натаму, и воопшто целото ова насилно владеење на владата чиишто за жал главен корифеј е министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Гордан Георгиев, СДСМ.

Во образлжението се наведува дека постојат повеќе други подлабоки причини за нејзино отповикување, како што се случајот со убиството на Мартин Нешкоски, последните инциденти во Струга и околината и други појави, кои, според опозицијата, се доказ дека Јанкулоска нема капацитет да води важно министерство какво што е МВР.

„Значи убиството на Мартин Нешкоски, целата оваа хајка против политичките неистомисленици, сите овие пропадната проекти на наводни борби против криминал и корупција, зборувам за Змиско око и така натаму, и воопшто целото ова насилно владеење на владата чиишто за жал главен корифеј е министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска“, посочува Гордан Георгиев од СДСМ.
Убиството на Мартин Нешкоски, една од причините за интерпелација на Јанкулоска
Убиството на Мартин Нешкоски, една од причините за интерпелација на Јанкулоска

Од НСДП имаат забелешки дека министерката Јанкулоска се уште не дала одговор зошто молчела за убиството на Нешкоски во јуни минатата година и потсетуваат дека ден по убиството се случи апсењето на Бошкоски, лидерот на опозициската Обединети за Македонија.

„Поводот е Мартин Нешкоски, случајот за кој направија обид да се
Поводот е Мартин Нешкоски, случајот за кој направија обид да се скрие, но не е само тоа, односот кон комисијата која расправа за следење на комуникациите, воопшто кон институцијата Парламент и обидот полицијата практично да владее без закон, да биде над судот.
Соња Мираковска, НСДП.
скрие, но не е само тоа, односот кон комисијата која расправа за следење на комуникациите, воопшто кон институцијата Парламент и обидот полицијата практично да владее без закон, да биде над судот“, изјави Соња Мираковска од НСДП.

Со интерпелацијата исто така се бара политичка одговорност поради уривањето на комплексот Космос на Фијат Цаноски. Расправата за интерпелацијата опфаќа и дискусии за лоцирање на одговорност и во контекст на забелешката што ја дава ОДИХР во извештајот за предвремените избори, во кој се наведува дека постоеле случаи кога министерката за внатрешни работи го исокористила своето официјално овластување за потребите на кампањата.

Министерката Гордана Јанкулоска во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека опозицијата, во недостиг на идеи и вистинска понуда за граѓаните, секогаш прибегнува кон неаргументирани напади на институциите или напади на личности кои се претставници на институциите. Во конкретниов случај околу „Кампања“ Јанкулоска посочи дека на Тито Петковски му било понудено да се сретне со било кој претставник на Министерството за внатрешни работи, а Петковски, пак, наведе дека отворената покана на министерката важела за се, освен за случајот кој ја интересира опозицијата.

Ова е трета по ред интерпелација за Јанкулоска на предлог на опозицијата. Инцијативата за нејзино отповикување исто така ја покрена НСДП во 2010 година.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG