Достапни линкови

logo-print

Тоа што државата сега се задолжува, граѓаните во иднина скапо ќе ги чини. Државниот долг надмина две милјарди евра.

За домашните економски експерти, задолженоста на државата е сериозен проблем кој бара поинакви политики од оние кои ги употребуваат повиканите. Седумстотините милиони евра, кои во изминатите три години Владата ги потроши на нестопански и неуспешни проекти и новите двесте кои планира да ги потроши, создаваат долг кој во иднина ќе го враќаат граѓаните, предупредуваат упатените.
Проблемот е во Македонија што средствата се користат не за генерирањеприходи во иднина за враќање на тие долгови, туку за нестопански и глупави намени. Па се што се гради и што се троши од буџетот на Мекедонија, утре нема да дава никакви приходи.

„Проблемот е во Македонија што средствата се користат не за генерирање за во иднина приходи за враќање на тие долгови, туку за нестопански и глупави намени. Па се што се гради и што се троши од буџетот на Мекедонија, утре нема да дава никакви приходи“, изјави поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Проектите со кои се поткупуваат гласачите и моментално се покриваат тековните трошоци покажуваат дека намените за трошење на парите од актуелната Влада создаваат услови за долгорочна криза и неможност да ги врати долговите, посочува Зградата на Уставен суд, дел од проектот Скопје 2014-та

Зградата на Уставен суд, дел од проектот Скопје 2014-та

Хајредини.

„Ваквиот вид инвестриања, повеќе од третина одат во нивните џебови, бидејќи овој вид на вложувања овозможува на носителите на власта дел од парите да ги одвојат за себе.“

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов се согласува дека проблемот со задолженоста го усложнува несоодветното трошење на парите од
Владата си трoши за да си го купи владеењето, да купи мир и многу и е гајле што еден ден ние ќе треба тие пари да ги враќаме, а ќе нема од каде.

страна на надлежните. Средствата не се инвестираат во проекти кои утре ќе враќаат пари, туку во проекти кои се мртви, вели Узунов.

„Ние фактички ништо капитално не видовме, а и некои проекти кои беа како капитални, како што беа рефoрми во образование или компјутеризација, тоа се пропаднати проекти. Владата си трoши за да си го купи владеењето, да купи мир и многу и е гајле што еден ден ние ќе треба тие пари да ги враќаме, а ќе нема од каде.“

Грчкото сценарио за кое министерот за финансии Зоран Ставревски вели дека е далеку од нас, за Узунов е сигнал дека задолженоста е проблем што треба внимателно да се решава. Владата одбива да го согледа проблемот, кој на долг рок може да биде катастрофален за македонската економија, вели Узунов.

„Она гледа да си го заврши мандатот и ако може уште еден мандат и тука некаде завршува нејзиното размислување. Ама ние не живееме еден мандат, живееме еден живот којшто трае повеќе од еден мандат или два мандата на една влада. Имаме потоа и потомци на кои треба да им оставиме барем нешто од нешто, културно и достоинствено.“

Според последните податоци на Министерството за финансии, државниот долг за првпат надмина две милјарди евра. Од 2008 година задолжувањето постојано се зголемува.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески деновиве изјави дека нема никаква опасност Македонија да влезе во грчкото сценарио за презадолженост. Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа и така и ќе остане, рече Ставрески.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG