Достапни линкови

Ваши коментари - Кој поттикнува меѓуетнички тензии?


Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје во мај 2010 година.
Архивска фотографија: Протест на албански невладини организации во Скопје во мај 2010 година.

Најмногу коментари од нашите читатели изминатата недела има за темите за меѓуетничките односи.

Наградно прашање за вас, почитувани: кој треба да ги каже поттикнувачите на меѓуетничките тензии во Македонија, партите или институциите? Ова, впрочем, испливува на површина и во јавноста, откако премиерот Груевски го обвини опозицискиот СДСМ, а партијата, преку лидерот Црвенковски, му врати дека вината за тоа ја имаат двете партии на власт: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Текстот за ова е и најкоментираниот во изминатата недела на нашата веб-страница.

Столе од Скопје пишува дека дефинитивно некој во оваа држава се прави луд, некој збунет. Ако СДСМ организира метежи, зошто Грујо не ги поапси, има власт, има моќ, прашува Столе, па додава дека Груевски апсел и за поситни работи, а ако не апси, значи - лаже.
Ако СДСМ организира метежи, зошто Грујо не ги поапси, има власт, има моќ.
Коментар од читател.

Бојан во пораката е некаде близу до она на Столе: ако некого обвинам, треба да кажам кого обвинувам и ваквите обвинувања од г-н Груби и целата ДПМНЕ ми се малку бесмислени, а Мики од Гевгелија поставува суштинско и длабоко прашање: ако Грујо знае, зошто не кажува кои се? МВР молчи, а и што ќе кажат кога и тие се замешани во сета оваа работа. Дали Грујо сака повторно да не' втурне во војна со Албанците, за да може да исчезне побрзо е големо прашање и треба да се размислува за тоа.

Марија од Градско има сосема различно мислење, па пишува дека тие што бараат Груевски да ги каже поттикнувачите се од СДСМ. Ракавицата во беше фрлена, вели Марија, ајде жртвувајте кого било кој повеќе ли вреди од еден ваков скандал за една партија, па макар и опозициона.

Слушател потпишан со повеќе букви случајно нафрлени од абецедата, смета дека ниту СДСМ, ниту ДПМНЕ не ја предизвикале смислено кризата во Струга и во Чаир што била иницирана од надвор. ДПМНЕ е непромислена бидејќи смета дека национализмот на спортските трибини и ловот на народот со владин превоз ќе остане без реакција, а тоа предизвикува контра појава на национализам и партиски поделби и ривалство, исто како што учеството на албанска партија во секоја влада е генератор на албански радикализам и национализам.

С и дупло В пишува дека Груевски е веќе видена слика и ислушана песна: за тебе, вели, за се' е виновна опозицијата, само твоите се недопрливи. Слушни се што зборуваш, веќе смешен стануваш, не можеш да спиеш ако не мислиш на опозицијата, му се обраќа С и дупло В директно на премиерот Груевски.

И во коментарите во нашиот Хајд парк има уште пораки на овој проблем што всушност се појави по карневалот во Вевчани, но како највпечатлив може да се издвои оној на Зора од Скопје: Се знае дека карневалите со векови исмејувале определени случувања во определно време: политиката нека ги тргне шепите од најубавите настани. Доста е!

Кои се причините за меѓуетничката нетрпеливост по Вевчанскиот карневал и дали апелите на политичарите помагаат? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Хајд Парк - Меѓуетнички односи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG