Достапни линкови

Пакистанскиот премиер обвинет за попречување на правдата


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани и формално е обвинет за непокренување постапка против претседателот Али Зардари за еден стар случај за корупција. Гилани оцени дека обвинението е политички мотивирано и оти претседателот има имунитет. И Гилани и Зардари се од владејачката Народна партија во Пакистан. Доколку Врховниот суд ја докаже вината на премиерот Гилани, тој би можел да ја загуби позицијата и да биде осуден на затворска казна.
XS
SM
MD
LG