Достапни линкови

Во Грција пратениците ги изгласаа острите мерки за штедење


Пратениците во Парламентот на Грција синоќа ги изгласаа острите мерки за штедење со двотретинско мнозинство. Овие мерки се потребни за да и се овозможи на Грција да избегне прогласување банкрот. Од вкупно 300 пратеници, гласаа 278, од кои 199 беа за новите мерки на владата, 74 против, а пет беа воздржани. Владејачката коалиција во Парламентот има 236 пратеници. Седницата на Парламентот ја следаа масовни немири во Атина и помали во Солун и во неколку други градови на Грција. Десетина луѓе се повредени во судирите со полицијата за време на протестите во Атина, а дваесет се приведени.
XS
SM
MD
LG