Достапни линкови

logo-print

Сообраќајот отежнат на сите патишта во Македонија


Сообраќајот на сите магистрални и регионални патишта во државата од синоќа се одвива отежнато и забавено по влажни коловози на места со остатоци од снег. На високите места, поради ниските температури, можна е појава на голомразица.
Патот Жировница - Дебар е пробиен , но поради ризик од нови снежни лавини се препорачува да не се патува на овој пат. Се очекува и патот Маврово-Жировница целосно да биде оспособен за сообраќај. Патот Гостивар-Маврово е оспособен за движење во двата правци, но само за лесни моторни возила.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и Пресека и на патиштата Струга- Ќафасан, Дебар - Струга и Македонски Брод- Прилеп.
XS
SM
MD
LG