Достапни линкови

Времето денеска облачно со повремен снег


Времето во Македонија ќе биде oблачно со повремен снег, а во југоисточните делови со дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат речиси насекаде. Ќе дува ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од минус пет до три степени.
Во Скопје и околината ќе биде облачно со повремен снег, oсобено претпладне, и со температура до минус два степена.
XS
SM
MD
LG