Достапни линкови

Судири на полицијата и демонстрантите во Атина


Протестите во Грција

Протестите во Грција

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, кои фрлале камења и молотови коктели врз зградата на Парламентот за време на протестите против новите мерки за штедење. Во Парламентот во тек е расправата за предлог-законот за новиот договор што грчката влада го постигна со претставниците на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетартен фонд.
Грција мора да ги усвои мерките со кои се предвидува намалување на платите, пензиите и на бројот на вработени во државната администрација за да го добие кредитот во износ од 130 милијарди евра, кој треба да ја спаси земјата од банкрот.
XS
SM
MD
LG