Достапни линкови

logo-print

Професионалните војници наместо на 38 во пензија на 45 години


Специјална единица на АРМ

Специјална единица на АРМ

Владата и Синдикатот на вработените во одбраната и безбедноста денеска постигнаа договор. Отсега границата за пензионирање на професионалните војници од 38 ќе биде поместена на 45 години, а за вработување во Армијата наместо до 23 ќе се помести на 25 години.
Од Министерството за одбрана за измените го известија и претставникот на НАТО во Македонија полковник Јордан Јорданов, кој денеска имаше средба со министерот за одбрана Фатмир Бесими. Според Јорданов, договорот им оди во прилог и на Синдикатот и на Министерството за одбрана.
XS
SM
MD
LG