Достапни линкови

logo-print

Евакуирано повредено лице од планината Козјак


Едно повредено лице од Бујак Маала, општина Старо Нагоричане вчера беше успешно евакуирано со помош на Единицата за специјални задачи „Тигри“ од МВР и Единицата за специјални намени „Волци“ од АРМ. Акцијата на специјалните единици траела повеќе од шест часа, поради лошите временски услови, непристапниот терен и големите наноси на снег.
Со примена на специјални теренски моторни возила и други техники за пробивање низ длабок снег единиците безбедно го пренеле лицето со тешки повреди, од Бујак Маала до Кумановската болница, каде е хоспитализирано.
XS
SM
MD
LG