Достапни линкови

Сервер-самитот во Чикаго можност да се исправи неправдата врз Македонија


Самитот на НАТО во Чикаго е можност да се исправи неправдата што и беше нанесена на Македонија на самитот на Алијансата во Букурешт, оценува угледниот професор и член на Советот за трансатлантски односи Даниел Сервер во коментарот објавен на неговиот блог peacefare.net.
Според него, проблем за Македонија е ветото, а не името. Сервер смета дека Скопје наместо да го решава проблемот со медијаторот Метју Нимиц треба директно да и се обрати на властите во Атина и да ги убеди да и дозволат прием на земјата под референцата ПЈРМ, согласно Времената спогодба.
XS
SM
MD
LG