Достапни линкови

Израелските синдикати го прекинаа штрајкот


Израелските синдикати соопштија дека го прекинуваат петдневниот штрајк, откако постигнаа договор со Министерството за финансии. Синдикатите протестираа против широката употреба на работниците под договор во јавниот и приватниот сектор. Министерството на синдикатите им ветило дека работниците под договор ќе добијат покачување на платата и поголеми бенефиции.
Досега тие зимаа помали плати од колегите кои имаат постојан работен однос.
XS
SM
MD
LG