Достапни линкови

Малезија депортираше контровезен саудиски новинар


Малезија денеска го депортираше контровезниот саудиски новинар Хамза Кашгари, кој е баран во неговата држава поради еден пост на Твитер за пророкот Мухамед. Кашгари напишал „Јас сакав и мразев работи поради тебе и има многу работи кои не ги разбирам поради тебе. Сега јас ќе се молам за тебе“.
Неговиот пост имаше десетици илјади одговори, најголем дел од нив негативни во кои тој е наречен неверник и се бара негова егзекуција. Навредата на пророкот во Саудиска Арабија е казнива со смрт.
XS
SM
MD
LG