Достапни линкови

Грција - над седум илјади лица на мирни протести против мерките за штедење


Над седум илјади лица учествуваа денеска во мирни протести во Атина и во Солун, организирани од синдикатите против новите мерки за штедење.Пред Парламент во Атина се собраа над 3.500 демонстранти, кои бараа Владата да се откаже од кредитниот договор со ЕУ и ММФ, што предвидува намалување на бројот на државни службеници и кастрење на платите и пензиите, во замена за кредитот од 130 милијарди евра.Во Солун во центарот на градот учествуваа над 4.000 лица.Демонстрациите денеска поминаа без инциденти,за разлика од вчера кога дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите.
XS
SM
MD
LG