Достапни линкови

Во Црна Гора поради снегот предложена вонредна состојба


Подгорица со околу 60 сантиметри снег не се разликува од било кој град на северот на Црна Гора .Аеродромот е затворен,автомобилскиот сообраќај е целосно замрен,само ретки пешаци има на улиците. Метролозите најавија дека новиот циклон ќе донесе и до еден метар висина на нов снег на подрачјето на Никшиќ и Цетиње.Поради најавите за натамошно влошување на временските услови Координативниот тим за вонредни состојби му предложи денеска на Советот за безбедност и одбрана да воведе вонредна состојба на целата територија на Црна Гора
XS
SM
MD
LG