Достапни линкови

Фајон- Македонија со подобри резултати во справувањето со азиланти


Известувачот за визна либерализација Тања Фајон оцени дека во Македонија на планот на надминување на злоупотребите на визната либерализација, мината година генерално била подобра од претходната. Сепак, таа нагласи, дека поради бројните злоупотреби во скоро сите земји од Западниот Балкан на визната либерализација во ЕУ се разгледуваат повеќе механизми за привремено суспендирање на слободниот визен режим. Одговарајќи на новинарско прашање за европскиот пат на Македонија Фајон рече оти слободата на медиумите, организираниот криминал и корупцијата се клучните сфери на кои Владата треба да се фокусира.Фајон учествува на денешната Меѓународна конференција во Скопје насловена „Проширувањето на ЕУ:пат со постајани пречки?“ на која учествуваа и известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит.
XS
SM
MD
LG