Достапни линкови

Грчкиот парламент дебатира за планот за штедење


Грчкиот парламент денеска дебатира за новиот план за штедење потребен за да се обезбедат 130 милијарди евра помош од ЕУ. Планот кој беше усвоен синоќа треба да биде ставен на гласање во Парламентот на 13 ти февруари.Неколку лидери на главните политички партии ги повикаа пратениците да го подржат планот .Во својот говор лидерот на Социјалистичката партија ПАСОК изјави дека треба да се донесе правилна одлука во интерес на иднината на земјата. Пратениците ќе треба да го изгласаат со цел да се испочитува рокот поставен од меѓународните кредитори, односно 12 февруари, како дел од договорот за финансиската помош.
XS
SM
MD
LG