Достапни линкови

Европските набљудувачи на изборите не се сретнаа со Путин


Набљудувачи на изборите во Русија од Советот на Европа наведоа дека е одбиено нивното барање за средба со рускиот претседателски кандидат Владимир Путин.Официјални претставници на тимот изјавија дека од кабинетот биле информирани дека барањето за средба не се совпаѓало со плановите на Путин.Набљудувачите оствариле средби со останатите четворица кандидати во претседателската трка.Tие им се пожалиле дека Путин продолжува да ги користи ресурсите на администрацијата за да го зголеми својот публицитет во кампањата.Според јавното мислење Путин ќе победи на изборите што се закажани на 4 ти март
XS
SM
MD
LG