Достапни линкови

На патот Маврово -Дебар регистрирани повеќе лавини


На патот Маврово-Дебар регистрирани се повеќе лавини. Најкритично е по долината на реката Радика. Лавина со огромна количина снег, камења и дрвја падна во близина на Бигорскиот манастир и зафати три возила.Петнаесетината патници со помош на полиција се извлечени и згрижени.Проблематично е и на патниот правец Гостивар-Кичево.Заради снегот кон и од Стража, сообраќајот се одвива по една лента. Патот Маврови Анови - Жировница од утрово е забранет за секаков вид сообраќај во двата правци
XS
SM
MD
LG