Достапни линкови

Ахмадинеџад: Иран нема да капитулира


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на обраќањето на денешниот митинг по повод годишнината од исламската револуција во 1979 година изјави дека Иран наскоро ќе објави многу важни постигнувања на нуклеарно поле. Не прецизирајќи за што станува збор тој додаде дека Иран никогаш нема да капитулира пред говорот на силата. Ахмадинеџад упатил жестоки критики кон Израел и уште еднаш го негирал геноцидот врз евреите во текот на Втората светска војна. Дописниците на Радио Слободна Европа јавуваат дека на централниот плоштад во Техеран било изложено американското беспилотно летало кое во декември беше заробено од иранската војска.
XS
SM
MD
LG