Достапни линкови

Во Скопје конференција за проширувањето на ЕУ


Денеска во Скопје се одржува меѓународна конференција на тема: Проширувањето на ЕУ: пат со постојани пречки?, а на која учествуваат претставници од социјалдемократски партии, политички институции и фондации од земјите од регионот и повеќе земји членки на Европската Унија. Конференцијата ја отвори претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски кој потенцирајќи дека проблемот со името е најголема пречка за македонските евроинтегративни процеси, изјави дека лошата политика што ја води македонската влада, односно политичките притисоци во судството, партизираната администрација, корупцијата и загрозеноста на слободата на медиумите може, како што најави и премиерот Груевски, да резултира со одземање на препораката за членство.
XS
SM
MD
LG