Достапни линкови

Лавина на патот Маврово-Дебар, нема повредени


На Регионалниот патен правец Маврово-Дебар, од село Жировница кон Сенечки Мост паднала лавина која зафатила три патнички возила. Нема повредени и сите патници со асистенција на припадниците на МВР се извлечени и згрижени. Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека од 10.15 часот овој патен правец е забранет за секаков вид сообраќај.
XS
SM
MD
LG