Достапни линкови

Авион на чешката компанија ЧСА принудно слета на Скопскиот аеродром


Изутрината авион на релација Прага, Скопје, а во кој се наоѓал и министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и известувачот за Македонија во европарламентот Ричард Ховит принудно слетал на аеродромот „Александар Велики,,. Откако авионот на чешката компанија ЧСА Боинг 737-700 над скопскиот аеродром кружеше околу 40 минути, капетанот соопшти дека авионот има мал технички проблем, односно дека еден од деловите на крилата кои служат за кочење не работи, па ќе мора принудно да слета. Екипажот потоа ги обучил патниците за принудно слетување. Се наведува дека капетанот го запрел авионот скоро на крајот на пистата која неодамна беше продолжена. Околу пистата беа распоредени противпожарни и возила за брза помош.
XS
SM
MD
LG