Достапни линкови

Одбележување на годишнината од Исламската револуција во Иран


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ќе се обрати на денешниот митинг по повод годишнината од исламската револуција во 1979 година. Дописниците на Радио Слободна Европа јавуваат дека на централниот плоштад во Техеран било изложено американското беспилотно летало кое во декември беше заробено од иранската војска. Се очекува собири да има и во другите градови за да се одбележат настаните кога во Иран беше соборена прозападната монархија и на власт дојде исламистичкиот режим.
XS
SM
MD
LG