Достапни линкови

Бан ки Мун ги осуди нападите во Сирија


По нападите во Алепо

Генералниот секретар на ОН Бан ки Мун ги осуди самоубиствените напади со автомобил бомба во сиријскиот град Алепо при што загинале 28 луѓе, а над 235 биле ранети. Тој исто така упати апел за мирно политичко решение за да се спречат насилствата со која се соочува земјата од март минатата година. Експлозиите се случија додека владините сили продолжуваат да го напаѓаат градот Хомс, центарот на отпорот против режимот на претседателот Башар ал Асад. Насилствата се префрлија и во соседен Либан каде што во градот Триполи вчера беа забележни судири меѓу приврзаниците и опонентите на претседателот Асад.
XS
SM
MD
LG