Достапни линкови

Протести против АКТА


За денеска во повеќе градови во светот се најавени демонстрации против меѓународната спогодба за заштита од фалсификат и од интернет пиратерија, позната како АКТА. Организаторите сметаат дека спогодбата ја ограничува слободата. Вчера Германија го одложи одобрувањето на овој контроверзен документ. Германското министерство соопшти дека нема да ја потпише спогодбата, бидејќи министерството за правда имало забелешки. АКТА е иницрана од Соединетите држави и Јапонија со цел заштита на интелектуалните советнички права. Ја имаат потпишано 22 од 27 членки на ЕУ.
XS
SM
MD
LG