Достапни линкови

Грчката влада го прифати планот за штедење


Грчката влада на синоќешната итна седница го прифати предлог законот за штедење потребен за да се обезбедат 130 милијарди евра помош и му го предаде на парламентот. Пратениците ќе треба да го изгласаат со цел да се испочитува рокот поставен од меѓународните кредитори, односно 12 февруари, како дел од договорот за финансиската помош. Грчкиот премиер Лукас Пападимос преку телевизијата изјави дека Грција мора да стори се што е потребно за да ги прифати најновите мерки за штедење и да избегне банкрот. Но, предложените реформи предизвикаа нови протести, а демонстрантите вчера во Атина се судрија со полицијата. Во Грција денеска е втор ден од генералниот штрајк.
XS
SM
MD
LG