Достапни линкови

logo-print

БиХ конечно доби Влада


Претставничкиот дом на собранието на Босна и Херцеговина денеска ја избра новата Влада на земјата, со што се стави крај на 16-месечната политичка криза започната по парламентарните избори одржани во октомври 2010 година.
„За“ изборот на новиот Совет на министри на БиХ, предводен од Вјекослав Беванда од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) гласаа 26 пратеници, седуммина беа „против“, а еден се воздржа од гласање.
Во новата Влада, која има девет министри, покрај ХДЗ на Беванда, партиципираат и Партијата за демократска акција (СДА), Социјалдемократската партија (СДП), Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), Српската демократска партија (СДС) и Хрватската демократска заедница 1990 (ХДЗ 1990).
При денешната презентација на владината програма 55-годишниот Беванда изјави дека приоритети ќе бидат возобовувањето на процесот на приближување на БиХ кон ЕУ и економско опоравување на земјата.
Шеф на дипломатијата на БиХ е Златко Лагумџија, а досгешниот премиер Никола Шпириќ е министер за финансии. Лагумџија и Шпириќ воедно ќе бидат и заменици-премиери.
Министер за надворешна трговија и економски односи е Мирко Шаровиќ, за безбедност Садик Ахметовиќ, а за правда Бериша Чолак.
Средоје Новиќ ќе раководи со Министерството за граѓански прашаа, Дамир Љубиќ е министер за човекови права и бегалци, Дамир Хаџиќ за транспорт и врски, а Мухамед Ибрахимовиќ за одбрана.
XS
SM
MD
LG