Достапни линкови

Средба Волерс - Ахмети во Скопје, очекувања од посетата на Нимиц


Пол Волерс и Али Ахмети, 10.02.2012

Пол Волерс и Али Ахмети, 10.02.2012

Денеска во американската амбасада во Скопје, Претседателот на
Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети се сретна со
амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија,
Пол Волерс

Тема на разговорите биле евроатлaнтските перспективи на
Македонија. Ахмети, како што се вели во соопштението од ДУИ се заблагодарил за придонесот на амбасадата во реализирање на значајните посети на Теута Арифи и Фатмир Бесими на САД како продолжение на заедничките напори за членство на Македонија во НАТО.

Амбасадорот Волерс ја изразил готовноста на американската амбасада за
продолжување на одличната соработка во правец на исполнување на нашата
заедничка цел, а тоа е зачленувањето на Македонија во НАТО.

Соговорниците се согласиле дека Владата на Македонија треба постојано и
активно да ја потврдуваа волјата за зачленување на земјата
во НАТО. Одлуката за прием на Македонија во НАТО е
веќе донесена во Букурешт и затоа нема потреба од посебен самит на НАТО,
но потребно е решение на проблемот со името.

Соговорниците ја поздравиле и посетата на медиаторот Метју
Нимиц надевајќи се на позитивни движења во процесот на решавање на
прашањето со името.
XS
SM
MD
LG