Достапни линкови

Книги со акварели и афоризми на Киро Урдин


Слика на Киро Урдин.

Слика на Киро Урдин.

„Планетаризам“, „Неправилности“ и „Егоизми“ се трите книги на акварели и афоризми на македонскиот уметник Киро Урдин, што како изданија на „Магор“, излегоа од печат деновиве.

НЕ МЕ СПОРЕДУВАЈ СО ДРУГИ – АКО МЕ СПОРЕДИШ СО ТЕБЕ ИМАМ ШАНСА!
НЕ СИ ВО ТЕК СО ВРЕМЕТО, БЕШЕ ОТСУТЕН КОГА ТОА ТЕ ПРЕГАЗИ!
АКО СИ ТИХ, ТИ СИ НАЈГОЛЕМИОТ ОКЕАН!!!

Киро Урдин е автор на кој очигледно му е тесно да твори само во еден медиум. За разлика од класичните автори на афоризми кои претежно се бават со сатира и политичка сатира, Киро Урдин пред се настапува како уметник.
Ова се само некои од афоризмите што може да се најдат во трите нови книги на Киро Урдин, ликовниот уметник, филмаџија, афористичар, огнен поборник за планетаризмот и светски Македонец.

Со „Планетаризам“ (акварели и афоризми) и „Неправилности“ и „Егоизми“ (афоризми), што на македонски и англиски јазик ги објави „Магор“, авторот на само нему својствен начин не вовлекува во својот свет во кој доминираат духовитоста, згуснатоста на мислата и незгасливата потреба да се биде слободен и со ништо не ограничен во изразот.

„Киро Урдин е автор на кој очигледно му е тесно да твори само во еден медиум. За разлика од класичните автори на афоризми кои претежно се бават со сатира и политичка сатира, Киро Урдин пред се настапува како уметник, значи артистички, лудистички, нели слава и во прилог на начелото на игра, висока творечка игра, затоа овие негови афорзми, граничат и со поетски и филозофски искази“, вели Елизабета
Идејата е животот, секојдневието, светските збиднувања, љубовта, неправдата и сите останата категории на човечкиот живот, кои се случуваат меѓу нас, во минатото и во иднината.
Шелева, која заедно со Влада Урошевиќ, беше еден од промоторите на изданијата.

Инаку, овие три книги влегуваат во опусот од седум книжевни објави на Урдин започнат со „Двојници“ - книга посветена на учесниците на Струшките вечери на поезија.

„Идејата е животот, секојдневието, светските збиднувања, љубовта, неправдата и сите останата категории на човечкиот живот, кои се случуваат меѓу нас, во минатото и во иднината.“

Од друга страна, со „Планетаризам“, „Неправилности“ и „Егоизми“, Киро Урдин всушност Уметник Киро Урдин

Уметник Киро Урдин

го започнува својот нов авторски проект насловен како „Сто“. Ова подразбира дека по објавените 100 акварели и уште толку афоризми ќе следува и грандиозна изложба во еден од големите светски центри – во Њујорк, Лондон или во Париз.

„Во мигот подготвувам еден голем проект, кој се вика проект „Сто“, во кој треба да почнам 100 слики во маслена техника со димензии три на два метри, тоа е еден многу голем проект затоа што еве симболично да кажеме кога би ги подредил сите слики една до друга, би биле 300 метри долги, во маслена техника, затоа што знаеме дека со акрили се работи бргу но сликите во маслена техника бараат еден друг третман кој е малку подолг и е многу подобар на свој начин, под услов сликата да биде со добар квалитет.“

Уметникот дополнува дека за сето тоа ќе мора да најде соодветен простор каде што би се случувала изложбата – некоја напуштена фабричка хала или слично, не ја исклучува можноста дел од тоа да и претстави на публиката во Македонија, а речиси е сигурно дека комплетниот творечки чин ќе биде документиран по што ќе следува новиот филм на Киро Урдин.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG