Достапни линкови

Министерот Ристовски не им ветил закон на бранителите


Министерството за труд и социјална политика ги демантира тврдењата на Здружението на бранители на Македонија дека министерот Спиро Ристовски им ветил дека ќе биде изготвен закон со кој би се оствариле нивните барања, изнесени денеска на прес-конференција.

- Во врска со изнесените информации на Здружението на бранители на Македонија дека наводно Министерството за труд и социјална политика, односно министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски им ветил оти во рок од 30 дена ќе биде изготвен Закон за бранители, а во интерес на вистината должни сме да известиме дека министерот оствари средба со претставници на Здружението на бранители на Македонија при што им посочи дека нивните доставени барања до Министерството ќе бидат разгледани со должно внимание. На средбата во ниту еден момент не станало збор за изготвување на каков било нов закон поврзан со бранителите и нивните барања, се вели во денешната писмена реакција од Кабинетот на министерот за труд и социјална политика.
Владата на Република Македонија, се додава во него, работи во интерес на сите граѓани и за било какви промени или подготвки на Закон во оваа сфера јавноста ќе биде навремено известена.
XS
SM
MD
LG