Достапни линкови

Бранителите очекуваат Закон за нивните барања


Бесплатно здравство и образование, помош при вработување или самовработување, исполнување на легалните барања на семејствата на загинатите бранители, како и издавање легитимација врз основа на која ќе се остваруваат овие права, се барањата на Здружението на бранители на Македонија од 2001 година, а кои би се однесувале и на нивните семејства и на воените инвалиди.
На денешната прес - конференција од Здружението информираа дека на средба со министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски биле информирани дека нивните барања се прифатени и вметнати во Законот за бранители кои треба да влезе во собраниска процедура за 30 дена. Правата, кои се бараат врз основа на донесен закон, би ги користеле, посочуваат, околу 5.000 од вкупно 7.200 бранители.
Тие ги повикаа сите бранители и воени инвалиди, учесници во конфликтот во 2001 година, но и до сите граѓани на Република Македонија, да не подлегнуваат на провокации и да не се создаваат тензии, затоа што, потенцираат, мирот и соживотот во земјава немаат алтернатива.
XS
SM
MD
LG